(ВИДЕО) Линде: ЕУ не сака проблеми од земји каде пратеници се исфрлаат на сила

Од:

Владата ја има одговорноста за настаните пред се, укажа Ан Линде на панел дискусијата „Развој на функционална демократија како основа за интереграција во ЕУ“, која се одржа денеска во организација на Институтот „Фридрих Еберт“ и Институтот за социјална демократија „Прогрес“.

„Земји членки на Унијата, не сакаат да увезуваат проблеми од земји каде пратеници се исфрлаат на сила. Прво е Владата да признае дека во земјата има тешка криза и да иницира на дијалог со опозицијата“, рече Линде,секретар за меѓународна соработка на Социјалдемократена од Шведска.


Неопходно е, укажа, предлагање на независна комисија за да се разреши она што се случувало на 24. декември, кој ја донел одлуката за примена на сила. Владата мора веднаш да покрене иницијатива за разрешување на ситуацијата.

И опозицијата треба да учествува, вели, но Владата првично ја има одговорноста.

Би можело да ве интересира

Европа останува без пари за Киев

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена

Слуцки: ЕУ ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Украина со оружје

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза