Државјанин на Северна Македонија загина во сообраќајка во Косово

Од:

Државјанин на Република Северна Македонија загина рано утрово во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Приштина – Урошевац, откако со своето возило излетал од патот и удрил во бетонски столб, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за несреќата, во која загинал маж на 34-годишна возраст со иницијали А.Ј., во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на косовската полиција за приштинскиот регион, Фљорие Ахмети.

– Денеска околу 5 часот добивме информација за сообраќајна несреќа на патот Приштина – Урошевац, кај селото Лапнасело, во која учествувало едно патничко возило. Како последица на несреќата, загина едно лице, кое управувало со возилото. Смртта на А.Ј., 34-годишен маж, државјанин на Република Северна Македонија, на местото на настанот ја утврди лекарска екипа, изјави Ахмети.

По налог на надлежен обвинител, телото на загинатиот е предадено во судска медицина за обдукција, а екипа на сообраќајната полиција изврши увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип