А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Макрон „ја држи Северна Македонија како заложник“ во обид да присили подлабока ЕУ интеграција

by А1он21/06/2019 - 17:565229
Share2

Емануел Макрон во средата беше обвинет дека ја држи Северна Македонија како заложник за насила да го протурка својот сон за поблиска политичка интеграција меѓу земјите на Европската унија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Францускиот претседател, кој самиот себеси се опишува како жесток еврофил, беше обвинет дека ги блокира преговорите меѓу Брисел и Скопје за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Брисел го користи членството во ЕУ за да ја убеди Северна Македонија да прифати контроверзни и широки реформи, вклучувајќи и промена на името на земјата за да се стави крај на деценискиот горчлив спор со Грција.

– Ова е шлаканица во лицето на Северна Македонија, која направи се како што треба, рече еден извор од ЕУ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во јануари, Парламентот на Северна Македонија гласаше за промена на името на земјата од Поранешна Југословенска Република Македонија. Како резултат на тоа, Грција, која има свој регион наречен Македонија, го повлече своето противење за аспирациите на Скопје за приклучување во ЕУ и НАТО.

Европската комисија беше бесна откако министрите за надворешни работи и европски прашања ја одложија одлуката за отворање пристапни разговори со Северна Македонија и Албанија на состанокот во Луксембург во вторникот. Двапати препорача да почнат разговори за пристапување.

Владите на ЕУ претходно сигнализираа дека разговорите ќе почнат во јуни, што беше широко сфатено како ветување за покренување на ова прашање, откако ќе завршат европските избори во мај.

Дипломатите на ЕУ велат дека уште една причина за одложувањето на донесувањето на одлуката беше дека на германскиот Парламент му треба повеќе време да ја поддржи одлуката за отворање преговори. Се очекува Бундестагот да го поддржи овој потег, велат дипломатите.

„Вистинскиот проблем се чини дека е Франција“, рече еден извор. „Нивната линија е нема повеќе проширување, освен ако прво нема ЕУ реформи. Таа ги држи Северна Македонија и Албанија како заложници“.

„Ние ризикуваме воопшто да немаме веродостоен процес“, рече во вторникот еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. „Неодлучноста и неактивноста не се опција“.

Макрон побара заеднички буџет за еврозоната и министер за финансии за сите земји со единствената валута, меѓу другите мерки како што се „транснационални европратеници“, кои ќе ја претставуваат ЕУ, а не нивната матична земја.

Портпаролот на француската Влада рече: „Како посочи претседателот на Републиката во неколку наврати, процесот на проширување мора прво да го земе предвид приоритетот за продлабочување на Европската унија и да се види дека нејзиното функционирање е подобрено“.

„Процесот на проширување се базира на неопходни критериуми и заслугите на кандидатите, без претходно утврдена временска рамка“.

Дури и ако се отворат преговори, ќе поминат многу години пред Северна Македонија да и се приклучи на ЕУ, која размислува проширувањето да опфати неколку земји од Западен Балкан, меѓу кои Србија и Црна Гора.

Проширувањето го поддржува Велика Британија, која во членството во ЕУ гледа како на начин за гарантирање на стабилноста во регионот, борба против организираниот криминал и борба против руското влијание во Западен Балкан.

Србија одамна одби да ја признае независноста на Косово, уште еден потенцијален кандидат за членство во ЕУ.

„Како можеме да очекуваме Србија некогаш да направи компромис за Косово ако Северна Македонија не добие ништо за возврат што го реши историскиот спор?”, рече еден извор од ЕУ.

На Макрон, кој е во Брисел за самит, му одговара да заземе цврста линија против проширувањето на ЕУ поради предизвикот на анти-миграцискиот Национален собир на Марин Ле Пен.

Националниот собир тесно ја победи партијата на францускиот претседател која падна на второ место на европските избори, но Макрон се издигна како потенцијален владетел во распоредувањето на највисоките функции во ЕУ по гласањето.

eufrancijamakedonija

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 19:32

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 17:32

Министерство за култура и туризам: Не е точно тврдењето дека повеќе од една година не сме седнале на преговарачка маса со синдикатите

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 17:14

Синдикатот на културата на Република Македонија поднел претставка до Меѓународната организација на трудот

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 17:0026/06/2026 - 17:26

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 15:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто