Си ја заврши посетата на Северна Кореја

Од:

Претседателот на Кина, Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Северна Кореја.

Според кинеските медиуми на синоќешната средба на Си со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „постигната е согласност за зајакнување на билатералните односи, во време на сериозно искомплицирани меѓународни односи за доброто на регионалниот мир“.

Кинескиот претседател по пристигнувањето во Пјонгјанг ги пофали напорите на Ким за денуклеаризацијата истакнувајќи оти цел свет се надева дека Северна Кореја и САД можат да разговараат и оти повторно можат да иницираат продуктивен дијалог.

Додека Ким изјави дека односите помеѓу Кина и Северна Кореја се непобедливи.

– Посетата на кинескиот сојузник претставува важна можност за двете земји да му докажат на светот дека имаат непобедливи односи и пријателство, посочи Ким.

Кина, главниот сојузник на севернокорејските власти, се придржува до меѓународните санкции воведени со цел Пјонгјанг да се откаже од изработка на нуклеарна бомба.

Односите помеѓу Пекинг и Пјонгјанг се влошија по севернокорејските нуклеарни тестирања, додека подобрувањето се случи по првата нивна средба. Ким минатата година четирипати ја посети Кина, додека Си е првиот кинески претседател, кој по 14 години го посети Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел