СДСМ: Со повратот на ДДВ секое семејство добива доход плус во домашниот буџет

Од:

Преку мерките и проектите кои ги спроведува Владата предводена од СДСМ се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Повратот на ДДВ од 15 проценти е уште една од низата мерки кои директно влијаат на домашниот буџет на секое семејство, вели СДСМ преку соопштение.

„Преку реализацијата на проектот „Мој ДДВ“ околу 50 милиони евра годишно ќе завршуваат во семејните буџети на граѓаните, како доход плус во секое домаќинство.

Освен повеќе пари во семејствата, со оваа мерка директно ќе се влијае на намалување на сивата економија и даночно затајување. Повратот на дел од ДДВ ќе ги охрабри граѓаните да побараат фискални сметки и со тоа да влијаат врз намалувањето на сивата економијата и даночната евазија.

Пристап кон оваа мерка ќе има секое лице над 15 години кое поседува лична карта и трансакциска сметка, а целата постапка се врши преку мобилен телефон, што како мерка ја прави едноставна за користење.

Во последните две години, Владата предводена од СДСМ, низ одговорен и домаќински пристап, преку низа мерки обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин.

Намалувањето на нотарските и трошоците кај извршителите од 50-90 проценти, намалувањето на казните за правни и глобите за физички лица до 75 проценти,намалувањето на ДДВ за парно греење од 18 на 5 проценти, укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, растот на минималната плата на 10.500 денари, на просечната плата, зголемувањето на социјалната помош до 300 отсто, се само дел од досега спроведените мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.

Зборот важи! Владата предводена од СДСМ парите ги враќа назад кај граѓаните, наспроти ВМРО – ДПМНЕ кои 11 години им ги земаа парите на граѓаните.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски