Севернокорејски поранешен дипломат тврди дека за 20 години режимот во Пјонгјанг може да падне

Од:

По 20 години режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун може и да го нема, и тоа не поради надворешни дејствија или бунт, туку поради внатрешни промени поврзани со новите генерации, тврди поранешен севернокорејски висок дипломат кој избегал во странство.

– Сметам дека 10 години е премногу кусо време за да падне режимот, но не верувам Ким Џонг-ун да може да се задржи уште 20 години, изјави за медиуми во Токио поранешниот заменик-амбасадор на Северна Кореја во Велика Британија Те Јон-хо.

– Ако живеам уште 20 или 30 години, мислам дека тогаш ќе можам да се вратам во својата земја, рече Те кој ја напуштил дипломатската позиција со ризик за својот живот во август 2016 година.

Тогаш тој избегал од Северна Кореја со своето семејство, а Пјонгјанг го прогласил за криминалец. Дезертерството на дипломати од рангот на Те Јон-хо е исклучително ретко, коментираат светските агенции.

– Не мислам дека во скоро време може да има народен бунт или да има обид со воени средства да се собори Ким Џонг-ун. Но, очекувам повеќе од смената на генерацијата, рече тој.

Блиското опкружување на Ким е на возраст од 60 до 80 години, а промената може да се случи кога овие ветерани ќе се заминат, смета Те.

– Кога тие генерали ќе се пензионираат и на власт ќе дојдат денешните 30, 40 или 50-годишни луѓе, не сум убеден дека тие ќе продолжат да ја споделуваат идеологијата на Ким Џонг-ун. Дури сум сигурен дека ќе му кажат „збогум“, рече поранешниот дипломат.

Те не верува на написите во печатот дека севернокорејски високи претставници биле егзекутирани по неуспехот на втората средба на врвот меѓу Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп во Виетнам во февруари. Според него, поверојатно е тие да биле осудени на по неколку месеци работен камп далеку од главниот град.

– Ако Ким Џонг-ун одговорноста за неуспехот целосно ја префрли на другите, би го уништил својот авторитетот како водач, и тој многу добро го знае тоа, истакна Те.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт