Во Струмичко се судрија протестанти и контрапротестанти за рудникот „Иловица-Штука“

Од:

Тензично со турканици и навреди помина денешниот четврти ден од блокадата на стотина жители и активисти од струмичките села Ново Село и Босилово, кои протестираат против отворањето на рудникот „Иловица-Штука“. Тие биле пресретнати од конвој на четириесетина луѓе, вработени и членови на семејствата на вработените во компанијата концесионер на рудникот „Еуромакс рисорсис“.

Активистите ги спречиле археолозите што вршат ископини да одат кон местото на рудникот, а контрапротестантите, пак, на активистите со конвој не им дозволувале да се движат на теренот. Интервенирале многубројни полициски службеници и ја смириле тензијата која секој миг можела да ескалира.

На протестот пристигнале и градоначалниците на Ново Село  и на Босилово, Никола Андонов и Зоран Зимбаков. Како што дознаваме, градоначалниците ветиле дека до смирување на тензиите ќе бидат спречени какви било активности на концесионерот за рудникот.

Протестите се интензивираа пред четири дена кога група археолози пристигнале до теренот да извршат увид на можните археолошки наоѓалишта, што е законска процедура кога е предвидено да се извршат ископини или градби на теренот. На местото околу рудникот има повеќе археолошки наоѓалишта, но жителите сметаат дека археолозите ќе му дадат зелено светло на концесионерот и нема објективно да го проценат теренот. Нивните сомнежи доаѓаат од таму што археолозите носат маички со напис на концесионерот, а исто така тврдат дека тие се добро платени и дека за оваа намена добиле подарок џип.

Неодамна од еколошките здруженија „Здрава котлина“ и “Екодолина“ најавија дека ако е потребно, ќе направат жив ѕид и народен бунт и дека повеќе не им веруваат на институциите што ги игнорираат нивните барања да се одземе концесијата и да се стопира изградба на рудникот.

По неколку часа, протестантите и контрапротестантите се заминале, а активистите најавуваат дека како и секој ден, и утре во 5 часот повторно ќе го блокираат патот кон „Иловица-Штука“.

Би можело да ве интересира

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

А1он

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Светот се подготвува за растечка потреба од бакар, Македонија дебатира за Иловица

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он