Убиен сопственик на менувачница во Драчево

Од:

Педесет и петгодишниот Зоран Сачевски сопственик на менувачницата „Золит Трејд“ синоќа околу 19:50 часот е пронајден мртов пред објектот во скопската населба Драчево на улица „Славка Димкова“.

Како што информираат од МВР, Зоран со повреда од огнено оружје во пределот на десната слепоочница, е пронајден од страна на неговиот син Т.С. (26).

Иако тој бил пренесен во поликлиниката во Драчево, сепак им подлегнал на повредите и лекарите констатирале смрт. Полицијата извршила увид на лице место, при што е пронајдена една чаура од огнено оружје, а по наредба од Истражен судија телото е предадено за обдукција.

Полицијата се уште нема информации во какви околности бил убиен сопственикот за менувачницата и дали станува збор за грабеж.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски