Во центарот на Софија синоќа се собраа околу 200 лица, протестирајќи 16-ти ден по ред поради големи сметки за електрична енергија.
Демонстрантите се собраа пред Националното собрание, извикувајќи „Мафија!“. Малиот одѕив на синоќешните протести организаторите му го препишаа на фактот дека „понеделник е работен ден и многумина од оние кои излегле на протестите за време на викендот морале да одат на работа“.
Протести се одржале и во Трговиште, Пловдив и други градови.
Бугарската полиција вчера уапси 30 демонстранти во Софија поради нарушување на јавниот ред по официјалното завршување на протестите против монополот и енергетската политика на властите.
Меѓу уапсените демонстранти имало и лица со полициско досие за наркотици, насилство и кражби. Приведените демонстранти по сослушувањето во полиција се пуштени на слобода.