Сименс отпушта уште 2.700 работници

Од:

Германскиот производител на индустриска опрема Сименс објави дека ќе укине 2.700 работни места од одделите за производство на електрична енергија, од кои 1.400 во Германија.

Отпуштањата, како што е наведено од компанијата, ќе траат неколку години. Претставништвата на Сименс во Берлин и баварскиот град Ерланген ќе бидат најмногу погодени од отказите.

Членка на управата на Сименс, Лиза Дејвис, изјави дека „овие мерки ќе им помогнат да се создадат повеќе можности за раст“.

Најновите откази во Сименс доаѓаат по објавувањето минатиот месец за отпуштање 10.400 работници од клучните бизниси. Компанијата планира да ги намали трошоците за 2,2 милијарди евра до 2023 година.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски