„Форд“ на Саемот на автомобили во Женева идниот месец ќе претстави европска верзија на СУВ моделот „ЕкоСпорт“.
Моделот „ЕкоСпорт“ привлекува внимание со 1,0 литарскиот трицилиндарски бензински мотор во верзии од 100 и 125 коњски сили, а во Еврпа ќе биде достапен и 1,5 литарски дизел мотор со 75 коњски сили.
Новиот Форд како сериска опрема ќе има најмалку шест воздушни перничиња, ЕСП и мултимедијален систем SYNC.
Овој СУВ модел според најавите на европскиот пазар ќе се најде кон крајот на 2013 година, а неговата цена ќе биде дополнително соопштена.