Во Чешка политичарите предупредуваат пред опасноста од враќање на власта на комунистите

Од:

Во Чешка денеска се одбележува 65-годишнината од преземањето на власта на комунистите во поранешна Чехословачка, јави дописникот на МИА од Прага.

Спомен-акцијата започна со комеморативно собирање во чешката метропола, на местото, каде на денешен ден во 1948 година полицијата брутално го прекинала студентскиот поход, кој бил со цел да се побара од тогашниот претседател Едвард Бенеш да не потклекне на протисоците и да не поднесува оставка.

– Постојано треба да потсетуваме како тогаш студентите се поставија против комунистите, рече во својот говор претседателот на Горниот дом, Сенатот Премисл Соботка.

Сведоците на тогашните студентски протести предупредија на опасноста од актуелниот пораст на рејтингот на Комунистичката партија на Чешка и Моравија, која беше едвидентна на регионалните избори кои беа одржани есента.

– Сите знаеме што носи комунизмот. Но и покрај тоа некои луѓе на избирачките ливчиња ја заокружуваат Комунистичката партија, тоа е разочарувачки, рече Франтишек Шедиви од Конфедерацијата на политичките затвореници.

Повеќе граѓански иницијативи, под паролата „Нема да дозволиме враќање на комунистите“ најавија протестни собири во попладневните часови во центарот на Прага.

Според организаторите, целта е да се потсетат граѓаните на злочините од комунистичкиот режим како предупредување од нивното враќање на јавните функции.

– Комунизмот не припаѓа на 21-от век – тој со сето тоа што го предизвика треба да остане затворен во историјата на 20-от век, смета раководителот на иницијативата „Без комунисти“ Петр Марек.

Министерот за надворешн работи Карел Шварценберг, кој говореше на Конференцијата „Комунизмот вчера и денес“ призна дека таа тема е посебно актуелизирана откако дел од комунистите беа избрани во локалната управа.

– Мислењето на Социјалната демократија и нашиот иден претседател е дека би требало и комунистите да бидат дел од Владата, што значи дека тие се враќаат на политчката сцена, но тоа не е причина за паника видејќи не се силни како во 1948 година, додаде Шварценберг.

Со државниот удар во Чехословачка, во февруари 1948 година, кој од претходниот режим беше наречен „Победнички февруари“ всушност била освоена власта од страна на Комунистичката партија откако била предизвикана владина криза.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица