Анкета: На изборите во Италија во предност е Берсани

Од:

Коалицијата на левиот центар, Пјер Луиџиј Берсани води на парламентарните избори во Италија, според резултатите од анкетите.

Колацијата на Силвио Берлускони е на второто место, а по нив е партијата на Бепе Грил и групацијата на Марија Монтиј.

Колацијата на Берсани води со 34 проценти во однос на десната коалиција на Берлускони, која освои 29 проценти на општите избори, покажува анкетата објавена за излезот на изборните места.

Според неа левицата ќе има мнозинство во Горниот дом во парламентот, Сенатот со 163 места, односно пет повеќе од апсолутното мнозинство.

Изборните места во Италија се затворени во 15 часот, по дводневниото гласање, а првите резултати се очекуваат наскоро.

Главното прашање кое што ќе се реши со овие избори е дали Италија ќе го задржи курсот на економските реформи.

Текот на изборите е под будното око на земјите членки на Европската унија и инвеститорите, бидејќи одлуките кои ќе се донесат ќе имаат влијание врз тоа дали Европа може да се справи со финанскиската криза.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески