Наодите на американските научници сугерираат дека доброто расположение кај лицата во третото доба од животот е поврзано со подобрување на помнењето и способноста на донесувањето одлуки.
Истражувањето спроведено на Охајо Универзитетот ги потврди наодите на претходните студии спроведени врз лица на постара возраст, според кои доброто расположение има позитивно влијание врз когнитивните и креативните способности.
Новите резултати објавени во стручното списание „Cognition and Emotion“ се темелат врз следење на 46 испитаници на возраст од 63 до 85 години.
Научниците појаснуваат дека токму квалитетното помнење е неопходно за поправање на способноста на донесување одлуки.
Во тестирањата е утврдено и дека доброто расположение не влијаело на способноста на разбирањето и користењето вокабулар.