Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за нападот врз танкери во Оманскиот Залив

Од:

Советот за безбедност на ОН, nа барање на САД, ќе одржи итен состанок зад затворени врати за последните напади врз два танкери за нафта од Заливот, соопштија дипломатски извори.

Еден норвешки и еден јапонски танкер, денеска беа цел на напад за кој не е утврдено од каде доаѓа, во Оманското Море, во средината на Заливот, каде што тензијата е веќе напната поради кризата меѓу САД и Иран.

Пред четири месеци, четири брода беа нападнати покрај брегот на Обединетите Арапски Емирати.

Иранската агенција „Ирна“ претходно денеска објави дека иранските сили во Оманскиот залив евакуирале 44 морнари по пожарот на два танкера кои пловеале под знамиња на Панама и Маршалските Острови, од кои еден потона.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Путин предупреди: Блискиот Исток е на работ на општа војна

(ВИДЕО) Предупредување од Иран до американските сојузници: Не им помагајте или вие сте следни

Катерина Ѓуровски

САД: Подготвени сме да испратиме дополнителни воени сили на Блискиот Исток за кратко време

Бајден: Можна е општа војна на Блискиот Исток, но можно е и да се дојде до решение

Горан Наумовски

Бајден: САД прават се за да спречат избувнување на поширок конфликт на Блискиот Исток