Седум причини зошто се будите уморни

Од:

Дали се будите уморни без оглед на тоа што сте спиеле осум саати или сте легнале пред полноќ? Наместо да бидете свежи и одморни, се прашувате кои се причините заради кои се чувствувате уморно по осумчасовниот сон.

budenje rano

1. Анксиозност

Понекогаш останувате будни до доцна размислувајќи за работите кои треба да ги направите наутро- тоа е една од причините заради кои се будите уморни. Истражувањата покажуваат дека размислувањето за работите кои не ве опуштаат, туку предизвикуваат стрес може да предизвикаат појава на анксиозност заради која ќе имате немирна ноќ.

2. Стрес

Стресот во животот е неизбежен и треба да се помирите со тоа. Ако одите во кревет со стресни мисли, ќе бидете вознемирени и загрижени. Кога сте под стрес тешко дека вашето тело и ум ќе можат да се опуштат и одморат во текот на ноќта. Опуштете се! Ќе спиете подобро и ќе се разбудите свежи.

3. Социјални мрежи, интернет и компјутерски игри

Ако сте нашле нова игра, доцна во ноќта апочнете да барате нешто на интернет или чатувате со некој, нема да можете да се одвоите од компјутерот и ќе помине многу време додека да легнете во кревет. Угасете го компјутерот! Време е за спиење!

4. Страшен филм

Ако се уплашите од некои страшни сцени во филм или серија и во главата почнат да ви се мотаат црни мисли, помислете на нешто убаво, позитивно и оставете запалено светло. Можете и да испиете еден чај за да се опуштите!

5. Грицкање доцна во ноќта

Кога ќе почувствувате глад доцна во ноќта и изедете нешто, на вашето тело му треба многу подолго време за да ја свари храната. Кога ќе легнете со полн стомак, сигурно нема мирно да спиете и нема да се разбудите уморни.

6. Караница

Немојте да си легнувате скарани со некој. Лежејќи во кревет покрај некој на кого сте му лути не е добра идеа. Посебно немојте да се расправате во кревет, тоа создава тензија и после тоа е невозможно да заспиете. Простете и заборавите!

7. Деца/ бебе

Ако имате деца, веројатно се будите барем еднаш во ноќта заради различни причини. Нарочно сега кога е сезоната на грипот, ако вашите деца се болни вие морате повеќе пати во текот на ноќта да им мерите температура. Ова може да биде исцрпувачки и често се случува во текот на ноќта да се преместувате од кревет во кревет. Сето ова исто така многу влијае на квалитетот на вашиот сон!

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Сонот на мажите им е поважен од сексот, на жените сепак не

Наум Локоски

Недостигот на сон го слабее имунитетот

Наум Локоски

Стресот во детството го зголемува ризикот од срцев удар во средни години

Емир Латифовиќ

За совршен сон легнeте пред 23 часот

Емир Латифовиќ