Европските Зелени: Северна Македонија заслужува датум за преговори веднаш

Од:

По најавата на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск за можното одлагање за добивањето датум за пристапни преговори на Република Северна Македонија, ко-претседателот на Европските Зелени, Рајнхард Бутикофер изјави: „Европските Зелени итно ги повикуваат сите земји членки на ЕУ да помогнат во отворањето на пристапните преговори со Република Северна Македонија. Блокирањето на една ваква важна одлука ќе значи грешка од историски размери. Тоа ќе предизвика екстремно негативни последици за европската безбедност, за стабилноста на Балканот и за кредибилитетот на ЕУ во меѓународни размери, вели Демократска обнова на Македонија, преку соопштение.

„Ваквата одлука ќе претставува страшно предавство кон граѓаните на Република Северна Македонија.

Последните две години Владата на Северна Македонија со својата работа покажа јасна верба во европската демократија, подготвеност да се отворат пристапните преговори и покажа капацитет за исполнување на обврските од ЕУ.

Овие политики беа потврдени во Парламентот на Северна Македонија и беа поддржани од граѓаните. Северна Македонија и Грција во овој процес покажаа дека националистичките блокади можат да бидат надминати и дадоа нова надеж за долготрајното ветување за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Се подразбира дека овој пат нема да биде изоден веднаш. Ќе биде потребно време и напор за имплементација на Копенхашките критериуми без кои интеграцијата би била невозможна. Но, Северна Македонија преку своето дејствување заслужи конечно да почне да се движи напред кон комплетна инклузија во европското семејство.

Владите на земјите-членки треба да покажат макар половина од храброста што ја покажаа граѓаните на Северна Македонија и да се согласат да започнат пристапните преговори со ЕУ.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Русија го информира ОБСЕ дека Москва и Западот се блиску до воен конфликт

Горан Наумовски

Радев: ЕУ не преговараше со Русија на време, сега мора да ја преиспита својата стратегија

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси