Прв министерски состанок ЕУ-Западен Балкан за вработување и социјални прашања

Од:

Првиот министерски состанок на ЕУ и Западен Балкан во областа на вработувањето и социјалните прашања денеска ќе се одржи во Луксембург, објави Европската комисија.

„Целта на состанокот, за кој се очекува да се одржува секоја година, е размена на ставови за предизвиците во областа на вработувањето и социјалните реформи што се спроведуваат за доброто на сите граѓани во регионот”, соопшти Европската комисија.

Во Луксембург ќес е дискутира за размена на искуства во врска со интеграцијата на недоволно застапените групи на пазарите на труд и усогласување на потребите за образование и пазарот на трудот.

Состанокот на министрите за ЕУ и Западен Балкан во областа на вработувањето и социјалните прашања е организиран од страна на Европската комисија, Романија, како актуелен претседавач на Советот на ЕУ, и Финска и Хрватска.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски