(ВИДЕО) Трипуновски: Производството наместо на откуп завршува на буниште

Од:

Продолжува агонијата на земјоделците производители на праска од Росоман. Трета година по ред откако СДСМ е на власт производителите на праска од Росоман немаат откуп за својот род. Производството наместо на откуп завршува на буниште, обвини Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако ВМРО-ДПМНЕ ѝ укажуваше на власта уште минатата година дека се усложнува извозот на праската, посебно за рускиот пазар, власта и ресорното министерство не пристапија кон изготвување план и стратегија за негово решавање, напротив носат ад хок мерки кои дополнително временски го пролонгираат откупот и пласманот на праската. Власта бара од земјоделците пред да го извезат својот род на сопствен трошок да направат анализа која трае од 5 до 7 дена, а потоа да можат да извезат својот род. Имено, владата предвидела дека земјоделците откако ќе ги наберат праските и ќе ги спремат за товарење треба од истите да земат неколку мостри и да ги однесат во надлежната лабораторија. Периодот од 5 до 7 дена е период за кој праските буквално може да станат мармалад додека ја чекаат дозволата за извоз од Државниот земјоделски инспекторат“, рече тој.

Дополнителниот услов, додаде тој, е директен удар врз земјоделците, како малите, средните, така и поголемите, кои немаат ладилник каде што ќе можат во рок од 5 до 7 дена да ги складираат праските додека траат соодветните анализи.

„Власта со оваа нова регулатива дополнително го отежнува извозот и го осакатува македонскиот земјоделец. Земјоделството го прави неисплатливо и сè повеќе земјоделци ги корнат или сечат нивните децениски насади и го напуштаат земјоделството како основно занимање. Бидејќи ова се случува трета година по ред се доведува во прашање опстанокот на земјоделците во тој регион, затоа го повикуваме Зоран Заев и ресорниот министер, ако сè уште е министер, да излезат на терен и да преземат брзи и конкретни мерки за решавање на откупот, цената и пласманот на праската, бидејќи се работи за земјоделски производ што не трпи одложување на бербата“, рече Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски