ВИДЕО: Груевски повеќе не е пратеник

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на почетокот на денешната седница ја констатира оставката на Никола Груевски.

Експремиерот ја достави оставката изминативе денови од Унгарија, каде што избега и доби политички азил.

Груевски поднесе оставка откако Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесе одлука да му предложи на Собранието да му се одземе пратеничкиот мандат поради неоправдано отсуство од шест месеци.

Според Законот за пратеници Груевски може да побара апанажа во висина на платата што ја земаше како парламентарец.

На пратеничкото место на Груевски ќе седне Ѓоко Камчев.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он