Еден загинат и двајца повредени е билансот од сообраќајната несреќа што се случи рано утринава на скопската обиколница во правец од Тетово кон Велес, во близина на клучката Радишани.
Министерството за внатрешни работи информира дека несреќата се случила во 03:40 часот кога патничко возило „опел астра“ со скопски таблички изгубило контрола и се превртело.
Во несреќата на самото место загинал возачот М.А. (40), а двајцата сопатници се повредени и пренесени на скопските клиники. Потешко е повреден А.С. (29) кој е пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил и вториот сопатник Б.Н. (42) кој е пренесен во Градската општина болница „8 Септември“.
На местото на настанот е извршен увид од страна на екипа на СВР Скопје.
За неколку часа ова е втора несреќа на обиколницата кај клучката Радишани. Утринава се судрија два камиони.