КК Академија ФМП влезе во првата лига на Северна Македонија

Од:

Кошаркарите на „Академија ФМП“ од Кисела Вода се пласираа во кошаркарската прва лига на Северна Македонија.

– После победата во првиот натпревар, во бараж двомечот за пласман во првата лига, против екипата на Шкупи со резултат 94-67 и неодигрувањето на возвратниот дуел, кој е регистриран со службен резултат од 0-20, се пласираме во првата лига на Македонија. Оваа победа доаѓа како круна на целокупниот труд вложен во текот на целата сезона, на сите кои што се дел од овој кошаркарски проект. Најпрво честитки до нашите играчи кои одлично ја изиграа целата сезона и одлично се справија со целиот притисок. Сите покажаа дека кошарката е начин на живот и дека екипата е една голема фамилија. Честитки до сите симпатизери на „Академија ФМП“ кои коректно го бодреа тимот во текот на целата сезона. Честитки и за целиот стручен штаб на чело со тренерот Игор Гацов – Гац, кој по втор пат во својата кариера, успева да однесе една екипа во првата лига (во минатото тоа го направи со екипата на Амак СП). И на крајот да не заборавиме да им честитаме на сите луѓе кои се вклучени во овој проект и напорно работат за тој да опстои долги години. Огромна благодарност и до нашите соработници. Благодарност на Општина Кисела Вода – изјавија од ФМП Академија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос