Четворица повредени во тешка сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово

Од:

Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале неколку возила се случила попладнево околу 16 часот на автопатот Мајка Тереза, во близина на селото Буковиќ. Според засега неофицијални информации, тешко повредени се две лица, а уште двaјца се стекнале со полесни телесни повреди.

Засега не е познато како дошло до несреќата на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите на „А1он“ вонредно биле повикани доктори во Клиничкиот центар во Скопје за да им помогнат на тешко повредените во сообраќајната несреќа.

Од МВР изјавија дека ќе излезат со дополнителни информации за несреќата.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка