Министерството за внатрешни работи на Хрватска денеска на граничниот премин Маљевац кон Босна и Херцеговина постави висока метална заштитна ограда, која треба да ги спречи мигрантите илегално да влезат во земјата.
Од граничната полиција на БиХ велат дека хрватското Министерство за внатрешни работи денеска ги известиле дека ќе има краткотраен прекин на сообраќајот, поради поставување на оградата.
Голем број мигранти кои престојуваат кај Велика Кладуша, веќе неколку пати се обидоа да поминат преку граничниот премин Маљевац, со цел да влезат на просторот на Европската унија.