Нафтата поевтини поради изборите во Италија

Од:

 Цената на нафтата утринава опадна бидејќи трговците се во исчекување на исходот од изборите во Италија, кои можат да доведат до слабеење на вредноста на еврото, наведуваат аналитичарите, пренесува Танјуг.

Нафтата за ориентациска испорака во април, на електронското наддавање на Њујоршката стокова берза опадна за шест центи, на 93, 07 долари за барел.

Европската „брент“ нафта, што се користи за одредување на цената на различни типови странска нафта, ослабна за 12 центи, на 113, 98 долари за барел.

-Изборите во Италија ќе завршат вечерва  и тоа е тоа што трговците ги држи внимателни, наведува консултантската куќа „ИГ маркетс“ од Сингапур.

Според анкетите во Италија, во водство е коалицијата на чие чело е Пјер Луиџи Берзани со 34 отасто гласови, потоа следи коалицијата на Берлускони со околу 30 отсто, Бепе Грило со 17 и Марио Монти со околу 11 отсто поддршка.

Берзани наведе дека, доколку победи на изборите, ќе продолжи со буџетската дисциплина што ја почна Монти, што ги израдува финансиските пазари.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот