ВИДЕО: Пожарот настанал од електрична инсталација во кујна, евакуирани седум лица, повредени три пожарникари

Од:

По 2 ипол часовно дејствување пожарникарите успеаа да го изгасат пожарот кој ја зафати зградата на улица Народни херои во Кисела Вода. Евакуирани се вкупно 7 лица од кои 2 малолетни. Командирот на противпожарната бригада Владимир Симоновски изјави дека најверојатно пожарот настанал од електрична инсталација во кујната.

-Спасени се сите жители што беа на шестиот и на седмиот кат, вкупно 7 лица од кои 2 малолетни. Сите се во добра состојба. Имаме и 3 повредени пожарникари.

Во првичната интервнеција едниот е повреден има изгореница на десната рака однесен е на клиника, другите двајца вдишија чад, горе нема доволно простор и воздух за да отвориме прозори. Пристапот беше тежок сега за сега е се под контрола, почнуваме со чистење. Се уште не сме утврдиле од што е настанат пожарот, ама по мое видување најверојатно е од кујната, електрична инсталација, вели Симоновски.

Командирот информираше дека со пожарот се зафатени вкупно 3 станови и дека пристапот до нив бил исклучително тежок поради конструкцијата на зградата.

-Од топлината пробиен е и другот стан што гледа од другата страна на зградата. Со помош на скалите влеговме од оваа страна за да го локализираме пожарот од другата страна на зградата. Интервенцијта траеже 2 и пол часа со 11 возила. Тежок пристап имавме внатре во влезот, но сепак успеавме. Опфатени се 3 станови, рече Симоновски.

Тој апелираше до граѓаните да ги остават да си ја работат работата без да им се врши притисок.

Ги замолувам да не остават да си ја работиме работата без да ни прават притисок.

-Ги замолувам сите граѓани да ни остават простор за работа за да се организираме за што побргу да пристапиме да гасиме. Послесно ми е да гасам отколку да се расправам со граѓаните. Знаеме се, пробувавме од друга страна да влеземе преку кровот ние наоѓаме најсоодветна опција што побргу да ги симнеме граѓаните, рече Симоновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат