Најдобрите 24 екипи во Европа синоќа ја комплетираа групната фаза од Лигата на шампионите, а 16 екипи, меѓу нив и македонскиот првак Металург ќе играат во нок-аут фазата за титулата европски шампион.
Вчера се одиграа последните три натпревари меѓу кои за одбележување е и победата на Металург над Силкеборг со 32:18.
Преглед на резултатите од 10.коло и конечните табели:
А група: Чеховски Медведи – Флензбург 29:29, Адемар Леон – Партизан 28:23 и Хамбург – Монпеље 35:33.
Табела А група: Хамбург 16 бодови, Флензбург 15, Чеховски Медведи 14, Адемар 7, Монпеље 6, Партизан 2.
Б група: Савехоф – Цеље 24:29, Веспрем – Атлетико Мадрид 26:19, Констанца – Кил 25:28.
Табела Б група: Веспрем 18, Кил 14, Атлетико Мадрид 10, Цеље 8, Констанца 4, Савехоф 4.
Ц група: Горење – Килце 25:29, Металург – Силкеборг 32:18 и Шамбери – Санкт Петербург 33:19.
Табела Ц група: Килце 20, Металург 14, Горење 12, Силкеборг 8, Шамбери 4, Санкт Петербург 2.
Д група: Динамо Минск – Барселона 28:30, Загреб КО – Кадетен Шафхаузен 38:30 и Берлин – ПИК Сегед 29:24.
Табела Д група: Барселона 18, Берлин 16, Динамо Минск 11, ПИК Сегед 6, Загреб КО 5, Кадетен Шафхаузен 4.
Првите четирипласирани од секоја група одат во следната фаза.
Извлекувањето на осминафиналните двојки ќе се одржи утре (12:30 часот) во Виена.
Потенцијални противници на Металург се: Чеховски Меведи, Атлетико Мадрид и Динамо Минск.