Јужна Кореја и Британија ќе потпишат договор за слободна трговија пред брегзит

Од:

Јужна Кореја и Велика Британија постигнаа принципиелна согласност да потпишат договор за слободна трговија пред брегзит. Тоа го соопшти јужнокорејското Министерство за трговија и енергетика.

Зделката ќе и помогне на Јужна Кореја да ја намали до минимум трговската несигурност и да поддржи трговија со Велика Британија врз основа на сегашен договор за слободна трговија што го има Сеул со ЕУ.

Според министерството, во договорот ќе бидат вклучени „нула“ царини за јужнокорејски извоз на делови за автомобили и за автомобили.

„Јужна Кореја исто така се подготвува и за други можни сценарија вклучително и брегзит без договор“, наведува министерството. Сеул има намера ратификација на договорот пред 31 октомври кога е предвидено Лондон да ја напушти ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја