ВМРО-ДПМНЕ: Европската перспектива загрозена од клиентелизмот и криминалот на Заев и луѓето околу него

Од:

„Европската перспективана Република Македонија е загрозена од клиентелизмот и криминалот на Зоран Заев и луѓето околу него.

Криминалот царува на улиците, земјоделието е уништено, квалитетното образованието е опаднат, со милионски тендери се полнат џебовите на функционерите на власта. Буквално земјата тоне.

Наместо реформи имаме криминал и корупција.

Единственото ветување на кое се држеше Заев – влез во ЕУ, полека бледнее. Европската перспектива на државата е загрозена, ја уништи криминалот и корупцијата кои царуваат насекаде.

Во ЕУ не се оди со криминал, во ЕУ се оди со реформи, кои Заев не ги испорача.

Зоран Заев, политичарот кој е највиновен за лошата ситуација во која се наоѓа Македонија сега и се заканува на Европа. Фрустрациите на еден мал политичар почнуваат да ја чинат земјата премногу.

Ликовите како Заев мора да си заминат. СДСМ мора да си замине.

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и ќе ги донесе промените во Македонија. За европска Македонија, за подобра иднина на сите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО