Десетици илјади луѓе се приклучија кон Парадaта на гордоста во Варшава, во време кога правата на хомосексуалците сè уште се голем проблем во предизборната кампања на Полска.
Владејачката партија “Право и правда” (ПиС) тврди дека поддршката на опозицијата на ЛГБТ заедницата претставува закана за полската култура.
ПиС водеше голем дел од кампањата за изборите во Европскиот парламент минатиот месец, со тоа што непријателски ја третираше ЛГБТ популацијата, а тоа, најверојатно, ќе остане главна тема во кампањата за изборите во октомври и ноември, пренесува Ројтерс.
Портпаролката на градското собрание во Варшава рече дека се очекувало околу 50.000 луѓе да учествуваат на парадата, во споредба со 45.000 учесници кои учествувалена сличен настан во 2018 година.
Лидерот на партијата ПиС, Јарослав Качински во април го нарече ЛГБТ движењето закана за националниот идентитети закана за народот.
Градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски, кој победи на минатогодишните избори во главниот град против кандидатотна ПиС, ја критикуваше владејачката партија за плановите за воведување на сексуално-образовна програма со цел едукација на учениците за сексуална ориентација, дискриминација и репродуктивно здравје.