НАСА денеска соопшти дека ќе дозволат приватни лица да ја посетуваат Меѓународната вселенска станица.
Претставници на НАСА соопштија дека трошоците и организацијата на екипажот кој лета на станицата ќе ја препуштат на Боинг и Спејс Икс, кои агенцијата ги ангажирала за такви патувања.
Од друга страна, НАСА на идните туристи ќе им наплаќа храна, сместување и комуникацијa, а тие трошоци би изнесувале околу 35 илјади долари дневно.