СДСМ: Европска младинска картичка со бројни поволности за младите лица

Од:

„Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за младите преку создавање и имплементирање младински политики и мерки кои го олесеснуваат животот на младите.

Веќе од следниот месец започнува проектот „Европска младинска картичка“ која ќе ги доближи младите до европските услови и вредности.

Европската младинска картичка која ќе можат да ја добијат сите млади од 15 до 29 години овозможува младите да остваруваат поволности и придобивки во секојдневниот живот во делот на попусти при посети на културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, транспорт, едукација, спорт и доусовршување.

Веќе се склучени меморандуми за соработка со над 300 субјекти (кафулиња, ресторани, театри, киносали, транспорт, центри за едукација и развој, спортски центри и други) кои за младите ќе обезбедат одредени попусти на нивните услуги.

На овој начин ќе се намалат трошоците на младите, но и ќе се овозможат поволни услови за личен развој на младите во делот на спортот, културата, образованието.

Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции постојано работи за унапредување на условите и стандардите за младите.

Продолжува спроведување на сериозни младински политики кои го подобруваат животниот стандард. Преку Гаранцијата за млади што годинава се спроведува на целата територија на државата илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување, а со проектот „Европска младинска картичка“ ќе се намалат трошоците за живот на младите за транспорт, едукација, култура и спортување.

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за младите кои се врвен приоритет“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми

СДСМ: 2026 ќе биде економски тешка година за граѓаните, следуваат избори па мигранти

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?