ЕК: Околу 20.000 млади луѓе ќе ја запознаат Европа на сметка на ЕУ

Од:

Речиси 95.000 млади луѓе се пријавиле за бесплатно патување за запознавање со Европа, соопшти Европската комисија.

Околу 20.000 кандидати на возраст од 18 години беа избрани и тие ќе може да патуваат меѓу 1 август 2019 и 31 јануари 2020 година за рок од 30 денови на сметка на буџетот на ЕУ.

Избраните ќе можат да патуваат поединечно или во групи од пет лица. Повеќето од нив ќе прават обиколка со воз.

Минатата година, ЕУ издвои 12 милиони евра од својот буџет за патување на околу 30.000 млади луѓе. За оваа година, буџетот изнесува 16 милиони евра.

Ако институциите на ЕУ го одобрат целосно предлогот на Комисијата од 2021 до 2027 година, уште 1.5 милиони млади луѓе на 18 години ќе можат патуваат бесплатно според истата програма.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп