Две понуди на повикот за иновативни решенија за заштита од болнички инфекции

Од:

Два економски оператора доставиле понуди за доделување Договор за јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции. Рокот за поднесување понуди беше до денеска до 12 часот преку Електронскиот систем за јавни набавки.

– Евалуацијата на понудите ќе биде извршена во најкраток можен рок и согласно одредбите од Законот за јавни набавки, по што постапката ќе продолжи со електронска аукција која ќе се спроведе преку Системот за електронски аукции на Министерството за економија. По рангирањето и спроведената електронска аукција како последна фаза од постапката, Комисијата треба да донесе Одлука за избор на најповолниот понудувач – приватен партнер за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции, информира Министерството за здравство.

Во законскиот период (29 март 2019 – 6 јуни 2019) вкупно седум компании (домашни и меѓународни) изразиле интерес и подигнале тендерска документација за учество на овој отворен повик, а во периодот наменет за прашања и одговори, како што информира Министерството за здравство, во рок и уредно било одговорено на прашањата добиени од економските оператори.

Постапката се спроведува согласно со Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Законот за јавни набавки, а врз основа на донесената Одлука на Владата на Република Северна Македонија од 29 јануари 2019 година за отпочнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска