СДСМ: Продолжуваат лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ кои се демантирани од институциите

Од:

„Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да направи и спроведе реформи во здравството со цел негово унапредување и да покаже дека се грижи за граѓаните.

Наместо тоа ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше на задоволувањето на лични интереси и богатења. Наместени тендери и дебели провизии на сметка на тотален хаос кој го создадоа и компплетно го урнисаа здравствениот систем.

Денес ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо освен лажни вести кои се ескпресно демантирани од институциите.

Како што објави Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, сите јавни набавки од Министерството за здравство за кои опозициската партија ја лажеше јавниоста се кристално чисти и законски.

Но тоа не го спречува ВМРО-ДПМНЕ да продолжува со очајно ширење лажни вести и измислици.

Не е точно дека станува збор за приватизација на процесот за стерилиација како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Како што објави Министерството за здравство, станува збор за долгорочно инвестирање и осовремување, по пат на приватно јавно партнерство.

Не постои ниту отуѓување на државен имот, туку станува збор за спој на инфраструктура, искуство и финансиски можности, кои со себе во партнерството ги носи приватниот партнер.

Залудни им се сите обиди за ширење на невистини на ВМРО-ДПМНЕ. Нивното лицемерие кон граѓаните е препознаено, повеќе никој не верува во лагите од белиот дворец“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните