Сајтот за анализа на Северна Кореја „38 Норт“ (38 North) објави дека главниот нуклеарен комплекс во земјата продолжува со активностите во постројките за збогатување на ураниум.
Сајтот, со кој раководи тинк тенкот „Стимсон центар“ од Вашингтон, посочува дека неодамнешните сателитски снимки покажуваат дека постои движење на возила, опрема и персонал во близина на објектот за ураниум во нуклеарната електрана во Јонгбјон.
– Забележавме дека продолжува периодичниот транспорт на материјали во комплексот за збогатување на ураниум што укажува дека комплексот е оперативен и дека најверојатно произведува збогатен ураниум, наведува „39 Норт“ врз основа на сателитски снимки направени во изминатите неколку месеци.