Утврден редоследот на кандидатите на гласачкото ливче

Од:

Редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори 2013 година беше утврден денеска со жрепка што се одржа во Државната изборна комисија (ДИК).

Пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе стојат три различни бројки на престојните локални избори.
Сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат под редниот број 18 на гласачкото ливче.

Во местата каде што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 19 партии, односно таму каде што ДОМ на Лилјана Поповска има своја листа, да биде под реден број 6.

Во местата, пак, каде што коалицијата брои 18 партии односно таму каде што свои листи имаат и ДОМ и Партијата на Турците на Хасипи, ќе биде под реден број 4.

Стевчо Јакимовски во Карпош ќе биде под реден број 8. Кандидатите за градоначалници и советници на ДУИ секаде ќе бидат под реден број 17, а оние на ДПА под реден број 22.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември