Млекото и млечните продукти произведени во Македонија и во продажба кои беа тестирани се безбедни за употреба. Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека се работи за резултати од над 20 земени примероци, но од утре ќе се проверуваат и уште 15-ина други мостри од млеко за да се утврди присуство на афлатоксин.
– Од средата до сега имаме земено повеќе од 20 мостри за кои ни стигнаа резултатите, а има уште неколку чии резултати се чекаат од понеделник. За повеќе од 20 мостри немаме ниту една позитивна на афлатоксин, односно нивото е секаде под максимално дозволената концентрација од 0,05 микрограми на килограм, рече Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата, на прес-конференција на која беа соопштени првите резултати.
Меѓу производителите чии примероци се испитани се Битолска млекара, Здравје Радово, Алпи од Тетово, Идеал Шипка, Бучен козјак, струмичките млекари…