На младиот Дејвид Лангтон од Велика Британија му остануваат само неколку недели живот.
Има шеснаесет години и до пред некое време верувал дека опасната болест е победена и дека ќе живее подолго.
Но, на последните испитувања лекарите му кажале дека ситуацијата е влошена. Ракот на мозокот ја достигнал последната фаза и му се проширил на целото тело.
Тие одлучиле да престане давидовото страдање и ги запреле хемотерапиите и зрачењето.
Тој го напушти училиштето. Ракот му влијаел на меморијата и многу често го губел помтењето. Пиел по 15 апчиња секој ден за да му ја ублажат болката.
Овој млад борец ги изненадил неговите родители кога им соопштил дека последните денови животот сака да ги искористи правејќи го она што никогаш не го направил, а нема да има прилика ни да го направи.
Сакал еден ден да помине во сурање и да си направи матурска забава, бидејќи својата нема да ја дочека.
Мајка му инспирирана од неговата желба и воља за живот рече дека тој многу реално ја прифатил лошата вест и дури тој и давал сила и волја за живот.
Таа покрена кампања за што порано откривање на оваа болест кај децата, бидејќи да се откриеше на време, нејзиниот син ќе имаше повеќе шанси против борбата со смртта.