(ВИДЕО) Митовска: ЕК со критики за владината социјална политика и вработувањата

Од:

„Република Македонија, како и на сите останати полиња, така и на полето на социјалната заштита и вработувањетo бележи критики од Европската Комисија. Извештајот на Комисијата е доказ дека власта во изминативе две години нема направено ништо за подобрување на социјалната заштита.

Европската Комисијата констатира дека државата е половично подготвена на полето на социјаната политика и вработувањето. Тоа значи дека се потребни уште многу мерки и реформи за да имаме било каков резултат. Наместопразни ветувања, власта треба да се насочи во она малку време кое и преостанува на реформи и подобрување на условите на сите полиња“, рече Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

„Комисијата посочува дека недостасува поголемо финансирање на програмите за вработување и социјалните реформи.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ програмите за вработување беа посеопфатни и поголеми, што допринесе за разлика од сега да се вработат над 150.000 луѓе.

Од ЕУ констатираат и тоа што ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг период го предупредува, а тоа е дека сиромаштијата останува и е сериозен проблем. Имено на ова поле според одредени истражувања над половина милион граѓани живеат на прагот на сиромаштија.

На виделина излегува и неспособноста на функционерите на власта, кои наместо да ги менаџираат институциите со кои раководат си ги вработуваат роднините на места во јавната администрација. Имено Комисијата нотира дека соработката помеѓу институциите кои го спроведуваат законот за работни односи е многу слаба.

Во целост овој извештај посочува на низа пропусти и неспособности на оваа власт во доменот на социјалата и вработувањето. Зоран Заев и Мила Царовска мора да понесат одговорност за ваквите состојби и треба да бидат први на удар на метлата, која мора да го исчисти СДСМ од власта“, изјави Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ