(ВИДЕО) Арсовски: Заев не кажува што го советува Андреј Манев за 40.000 денари месечно?

Од:

„Втор ден Зоран Заев молчи и не и кажува на јавноста што го советува неговиот советник Андреј Манев за 40.000 денари месечен надомест?

Втор ден Зоран Заев молчи и не кажува на граѓаните дали Андреј Манев е гонет кривично за дела поврзани токму со градежништвото и урбанизмот, практично секторот за кој што му е советник на актуелниот премиер Зоран Заев“, прашува Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев треба да каже на граѓаните дали против Андреј Манев во 2012 година била покрената кривична постапка за градење, изведување на градба или вршење надзор без или спротивно на одобрение?

Зоран Заев треба исто така да каже дали неговиот советник и во 2009 година бил дел од кривична постапка во која се гонел за злоупотреба на службената положба и овластување?

Да го советуваат Заев експерти, Владата и државата ќе цвета, ама затоа што го советуваат криминалци, затоа и е таква оваа Влада на СДСМ. Обично народот вели со кој си таков си, а Заев околу него е опкружен со советници со сомнителен криминал.

Да потсетиме дека сопругата на Манев е претседател на судот во Куманово каде не се постапува по предметот во кој Заев се товари за поткуп на избори.

Зоран Заев е единствениот премиер кој има советници кои што се гонети кривично и нема намера да ги смени, а ги плаќа со народни пари.

Народните пари се плаќаат на сомнителни советници на Заев и Република Македонија се уште тоне, дали можеби се работи за некакви дилови со нив не знаеме и за истото треба Зоран Заев да каже.

Оваа Влада на СДСМ треба што побрзо да си одат и да ја ослободат државата од овој криминален кошмар“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски