Песков: Москва не разговарала со Трамп за повлекување на воените експерти од Венецуела

Од:

Кремљ денеска соопшти дека не знае од каде американскиот претседател Доналд Трамп добил идеја дека Москва повлекла поголем број од своите воени експерти од Венецуела и наведе дека тие и натаму таму работат.

Трамп на Твитер вчера објави дека руската Влада ги информирале САД дека повлекла „најголем дел од своите луѓе“ од Венецуела.

Според американски медиуми, не е јасно како Кремљ ги пренел информациите до САД или кој персонал го отстраниле од Венецуела, каде што администрацијата на Трамп се обидува да го собори претседателот Николас Мадуро и неговиот режим.

„Волстрит џурнал“ во неделата објави дека рускиот државен конгломерат Ростек постепено го намалил својот персонал во Венецуела на десетици од околу 1.000 кои претходно работеле таму.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва не разговарала со Трамп на таа тема.

Тој рече дека Трамп очигледно добил информации од новинарските извештаи, кои руските власти веќе ги негираа или од некои други.

– Таму се (руски) специјалисти кои го сервисираат хардверот, кој беше претходно испорачан и тој процес оди според планот, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД