(ВИДЕО) Томовски: ЕК нотира дека Владата нема никаков напредок на полето на животната средина

Од:

„СДСМ, и Зоран Заев, ветуваа почист воздух и подобра животна средина, а две години немаат мрднато со прст во насока на истото. Европската Комисија во нејзиниот извештај нотира дека владата нема никаков напредок на полето на животната средина.

Европската Комисија нотира дека државата нема административен капацитет на централно и локално ниво и истиот е слаб и недоволен. Од Европската Комисија се нагласува дека нема напредок во однос на донесување на клучните закони кои треба да ја имаат контролата врз животната средина а тоа се инспекцијата и Директивите за одговорност во животната средина, како и Директивата за еколошки криминал“, рече Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Квалитетот на амбиенталниот воздухот е една од најголемите критики на Комисијата. Имено во извештајот се вели, цитирам:

„Потребно е да се спроведат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот со обезбедување на ефикасна координација помеѓу централните и локалните власти, и обезбедување на доволни финансиски средства”. А во однос на тоа во какви услови живеaт македонските граѓани јасно се издвојува делот дека, цитирам: „Во големите градови нивоата на загадување на воздухот се високи“.

Реално за последното и самите граѓани го почувствуваа на своја кожа. Скопје две години по ред е на врвот на листата најзагадени градови во светот. Граѓаните во текот на зимскиот период се гушат, а болниците се преполни.

Критиките на Комисијата се насочени и за управувањето со отпадот, водите и индустриското управување со ризик. Исто така, нема напредок во областа на хемикалии и во делот на цивилната заштита.

Тоа може да го видиме и по се поголемите диви депонии надвор од населените места, кои наликуваат на вистински буништа кои никој не ги чисти.

Ако по извештајот на Европската Комисија во делот на животната средина, се оценува каков е “животот” во Македонија и владеењето на оваа власт едно е сигурно дека актуелната власт е делегитимирана и дека владее на основа на лажни и манипулативни ветувања како за парламентарните избори од 2016 година, така и за локалните избори во 2017 година. Токму затоа потребна е една огромна метла, како на полето на животната средина, така и на полето на целата влада, почнувајќи од Зоран Заев па надолу“, изјави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски