Одрон од камења го отежнува сообраќајот на патот Маврови Анови – Дебар

Од:

Куп од камења се урнал врз автомобил „ланчија“ кој минувал по патниот правец Дебар – Маврови Анови во месноста „сенечки продавници“ утрово околу 8.30 часот.

СВР Тетово соопшти дека возачот, Б. Ц (24) од Дебар, не е повреден, но автомобилот бил сериозно оштетен.

Според информациите на СВР Тетово, сообраќајот на овој патен правец поради одронот засега се одвива отежнато и само за патнички возила, а не може да минуваат камиони и други тешки моторни возила.

Во текот на денот се очекува екипи на „Македонија пат“ да ги расчистат камењата и да обезбедат нормален проток на сообраќајот.

Речеси на истото место лани од одрон на камења загина дебранец додека со возило се движел по долината на Радика.

Полицијата апелира до возачите кои се движат во овој регион да внимаваат на одорни во овој период од годината, кога оваа појава е зачестена.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози