Осомничената за убиството на Секондо во 30 дневен притвор

Од:

Дваесет и двегодишната скопјанка, второосомничена за убиството на 26-годишниот Пинета Секондо, вечерва е одведена во 30-дневен притвор одреден од Основниот кривичен суд Скопје, кој го прифати барањето од Јавното обвинителство таа да биде притворена поради опасност да избега.

По дополнителната истрага на МВР по наредба од Обвинителството, А.Ѓ. е осомничена дека го повикала сега починатиот Секондо, била присутна кога тој бил лишен од живот и учествувала во пренесување на телото и негово криење во близина на село Љуботен, заедно со првоосомничениот, 27-годишниот Ф.А., кој е во бегство.

Обвинителството денеска соопшти дека по дополнителната истрага постои основано сомнение дека го извршила кривичното дело „убиство“. Вечерта на 11 декември 2018 година таа го повикала Пинета Секондо да се најдат кај насипот во Ѓорче Петров, иако знаела дека ќе им се придружи и првоосомничениот со намера да го лиши од живот оштетениот.

Кога пристигнал првоосомничениот и со огнено оружје – пушка се заканил кон жртвата, сите тројца се упатиле со патничкото моторно возило кон атар во скопското село Арачиново. Откако пристигнале осомничените започнале вербална расправија со жртвата, по што првоосомничениот го застрелал оштетениот и го лишил од живот.

Како што денеска соопшти ЈОРМ, осомничената придонела во вршење на кривичното дело со тоа што го повикала Секондо, била присутна во моментот на неговото лишување од живот и учествувала во пренесување на телото на починатиот и негово криење во близина на село Љуботен.

Надлежниот јавен обвинител предложи притвор ценејќи дека има околности што укажуваат на постоење опасност од бегство и на основан страв дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски