Навивачите на Вардар се собраа пред салата Јане Сандански со зурли, тапани развиорени македонски знамиња и на клубот Вардар. Се славеше победата на Вардар, се пееја навивачки и патриотски песни и се извикуваше – „Никогаш Северна, секогаш Македонија“.
Од салата Јане Сандански се упатија кон скопскиот аеродром каде ќе слетаат ракометарите на Вардар, а потоа продолжуваат на плоштадот.
Конвојот кон скопскиот аеродром го водеа комитите и ноќните волци.