Норвежанецот, Андер Бардал го освои златниот медал на Светскиот шампионат во нордиски дисциплини што се одржува во италијанскиот зимски центар Вал ди Фјеме.
Бардал на малата скокалница во двете серии забележа должини од 103,5 и 100 метри и го освои првото злато во кариерата на едно големо натпреварување.
Претходно најдобриот норвешки скокач има четири сребра во екипа конкуренција на првенствата во Сапоро, Либерец и Осло и една бронза на Олимпијадата во Ванкувер исто така како дел од националниот тим.
Второто место му припадна на Грегор Шлиренцауер од Австрија, кој забележа скокови од 98 и 97,5 метри додека со бронзата се закити 20-годишниот Словенец, Петер Превц.