ДУИ жали за бурните реакции насочени кон министерот Џафери

Од:

ДУИ жали за негативната кампања по повод изборот на Талат Џафери за министер за одбрана на РМ , а која последните неколку дена е иницирана од одредени кругови во Македонија.

Интегративците велат дека Џафери, како експерт и искусен во областа дал придонес и при усвојување на стратегија за безбедност како основен документ во кои се основат реформите во безбедносните структури како услов за зачленување на РМ во НАТО.

– ДУИ ќе продолжи да биде конструктивен фактор во политичката сцена и со секој политички чин активно ќе придонесуваа за реформа на државните институции со цел да ги направи компатибилни со барањата на западните сојузници и европските вредности и стандарди, се вели во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он

Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски