Две лица загинале при одрон на земја на градилиште во скопски Чаир. Од МВР велат одронот затрупал три лица од кои две се починати. Во тек е акција за извлекување на телата.
„На 01.06.2019 околу 11 часот пријавено е дека на улицата Кемал Сејфула, спроти поликлиника ‘Чаир’, при вршење ископ на земјиште со багер за водоводна мрежа, дошло до лизгање на земјиште и притоа во каналот од лизгањето затрупани се три лица кои работеле на ископот. Две од затрупаните лица (26 и 28 години) починале на лице место, додека третото лице (54 години) со возило на Итна медицинска помош е пренесено во ГОБ ‘Наум Охридски’ за укажување лекарска помош. На местото на настанот испратени се екипи од Итната медицинска помош и екипа од Бригадата за протипожарна заштита“, извести МВР.
Смртта на починатите ја констатирале лекари од Итната медицинска помош, а за настанот известено е Јавното обвинителство и трудов инспектор.