Францускиот главен јавен обвинител Реми Хејц најави покренување судски постапки против некои припадници на полициските сили, поради употреба на прекумерна сила врз учесниците на протестите на „жолтите елеци“ ширум Франција.
– Некои полицајци ќе се најдат пред суд до крајот на годината, изјави Хејц во интервју за парискиот весник „Паризиен“, додавајќи дека досега се покренати истраги против 174 полициски службеници.
Хејц нагласи дека во некои од случаите полицајците се товарат за употреба на гумени куршуми против демонстрантите.
Сепак, Хајц признава дека досега против ниту еден полицаец не е поднесено прелиминарно обвинение.